Русија ја напаѓа Украина/ Фото: Твитер

„Не можам да објаснам што е тоа“ – новинар утрово во 04 часот се јави во живо од Украина

Експлозии во неколку градови во Украина се пријавени откако Москва ја започна „специјалната операција“, јавуваат светските медиуми.

Пријавена е серија на експлозии ширум Украина, а очевидците рекле дека истите се случиле во близина на неколку големи градови, додека рускиот претседател Владимир Путин потпишал наредба со која се одобрува „специјалната воена операција“ во регионот Донбас.

Говорејќи од покрив на еден објект во центарот на Киев, репортерот на Си Ен Ен, Метју Чанс рече дека слушнал четири или пет експлозии како избиле во градот.

„Не можам да објаснам што е тоа“, вели тој.

Во меѓувреме на социјалната мрежа Твитер се шират фотографии и видеа од самиот напад рано утрово, погледнете:

ВО ЖИВО | Украина под напад од Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот