крема
фото: pexels

Не им верувајте на рекламите, сите кремови против болки не се ефикасни!

Германското списание Око-Teст тестираше 20 производи достапни без рецепт. Резултатите открија јасни разлики и непријатни вистини за некои производители. Тестот вклучуваше 19 лекови и еден медицински производ кој делува физички, а не хемиски.

Сите производи ветуваат дека ќе ги ублажат болките во мускулите и зглобовите. Анализата, исто така, вклучуваше експертски преглед од професорот Манфред Шуберт-Жилавеч од Фармацевтскиот факултет на Универзитетот Гете во Франкфурт, кој ја процени ефикасноста на активните состојки врз основа на тековните научни студии, пренесува Феникс магазин. Добрата вест е дека пет производи беа оценети како „многу добри“. Овие гелови се ефикасни против болка, не содржат штетни супстанции и нивната ефикасност е научно докажана.

Примери за најдобри креми: Доц Ибупрофен Шмерцгелl 5%: докажано антиинфламаторно дејство, без проблематични адитиви. Tермакеар Шмерцгел: содржи Фелбинак, помалку позната, но ефикасна состојка. Пироксам AЛ Гел: најприфатливиот од најдобрите. Од друга страна, седум производи добија оценка „недоволно“, главно поради неосновани тврдења за ефикасноста и присуството на потенцијално опасни состојки. Ако барате ефикасен крем против болки, не им верувајте само на рекламите. Око-Teст покажува дека некои од најскапите опции се исто така и најслаби, додека поевтините производи можат да обезбедат вистинско олеснување – без штетни состојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот