Тимчо Муцунски / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Не е време да реагираме емотивно, вели Муцунски за признавањето на Палестина: „Мораме да сме дисциплинирани и внимателни“

„Мора да бидеме дисциплинирани и внимателни, а не импулсивни при носењето одлуки во делот на надворешната политика“, рече вечерва министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски околу прашањето за ставот на земјава за признавање на Палестина како независна држава.

Во изјавата за „Сител“ од Њујорк, каде што учествува на 80. Генерално собрание на Обединетите нации, Муцунски рече дека за ова прашање земјава се консултира со стратешките партнери – САД и Европската Унија, но вели дека консултациите ќе продолжат бидејќи во моментов не постои консензус ниту помеѓу самите земји-членки на ЕУ.

„Внимателно ја следиме состојбата. Без никаков сомнеж сме длабоко загрижени од состојбите што се случуваат од гледна точка на меѓународно хуманитарно право во Газа и нема никакви дилеми по однос на нашите позиции за тоа прашање. Сите гледаме што се случува и тоа е несоодветно за 21 век, но тоа не значи дека треба импулсивно и емотивно да реагираме за вакви прашања во делот на позиционирањето на нашата надворешна политика“, изјави Муцунски.

Израел на крстопат: Како Нетанјаху ќе одговори на западните признавања на Палестина

Шефот на дипломатијата повтори дека консултациите со партнерите ќе продолжат и кога ќе дојде време ќе биде донесена конечна одлука за признавање или непризнавање на Палестина.

„Но, во момент кога ниту самите земји-членки немаат изградено консензус, не е време ние да истапуваме со каква било одлука“, додаде министерот.

Во Њујорк се одржува 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) на кое во главен фокус е тековниот конфликт меѓу Израел и Газа и потенцијалното признавање на Палестина.

Глобален самит за Палестина под претседателство на Франција и Саудиска Арабија, уште шест држави најавија признавање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот