Онлајн шопинг/ Фото: TEK IMAGE / Sciencephoto / Profimedia

НБРСМ: Електронските плаќања стануваат поевтини за граѓаните и за компаниите

Народната банка објави дека електронските плаќања значително поевтинуваат и за граѓаните и за компаниите. Причина за тоа е намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС и ревизијата на тарифниците од страна на банките.

За граѓаните, надоместоците за плаќањата преку МИПС се намалени во просек за околу 50 отсто, а во најголемиот дел од банките интерните електронски плаќања станаа бесплатни. Кај компаниите, електронските трансакции преку МИПС се поевтини за околу 30 проценти, додека интерните електронски плаќања за околу 55 отсто.

Банките преминуваат кон поевтини и фиксни надоместоци по трансакција, независно од износот на уплатата. Новите цени веќе важат кај дел од банките, а останатите ќе ги воведат најдоцна до октомври.

Според Народната банка, поевтините услуги треба да го поттикнат користењето на електронските плаќања, да ја зголемат довербата во банкарскиот систем и да придонесат кон побрза дигитализација на платниот промет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот