НБА лигата направи огромна промена по цели 38 години

Од сезоната 2021/22 натпреварите во НБА лигата ќе се играат со Вилсон топките, наместо досегашните Спалдинг.

Договорот помеѓу НБА и Спалдинг истекува по завршувањето на наредната сезона и двете страни одлучија да не ја продолжат соработката која трае дури 38 години.

Нов партнер на НБА лигата ќе биде Вилсон кој по пауза од 37 години се враќа на големата сцена во САД.

Покрај НБА лигата, со Вилсон топките ќе се играат и ВНБА, развојната НБА Г лига, кошаркарската лига на Африка, додека во НЦАА лигата веќе се играат натпреварите со овие топки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот