Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Навивачите на Ливерпул изненадени: Арне не е вистинското име на Слот

Екипата на Ливерпул, под водство на тренерот Арне Слот, го освои шампионскиот пехар во Премиер лигата, но едно неочекувано откритие за холандскиот стратег изненади голем дел од фановите на „црвените“.

Арне Слот пристигна на чело на Ливерпул како замена за Јирген Клоп, кој девет години го водеше клубот и освои осум трофеи. Холанѓанецот ја обезбеди титулата четири кола пред крајот на сезоната со убедлива победа од 5-1 над Тотнем на „Енфилд“ и на тој начин покажа дека може да биде одлична замена за германскиот стратег.

Но, тоа што голем дел од навивачите на Ливерпул и пошироката јавност не го знаеа е дека всушност неговото име не е Арне, туку Аренд Мартин Слот. „Аренд“ на холандски значи орел и ретко се користи во неговата земја, додека прекарот Арне го наследил од својот татко.

Ова откритие предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, со фановите кои изразуваат неверување: „Не знам дали ќе го прифатам ова“, „Она чувство кога дознаваш дека неговото вистинско име не е Арне“, „Морам да седнам откако го дознав ова“, и „Ова е како кога дознав дека Хозе е вистинското име на Пепе Реина“, се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!