Гитанас Науседа/ EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE

Науседа вели дека неказнените советски злосторства и овозможија на Русија да ја оправда својата агресија денес

Незазнените советски злосторства и овозможија на Русија да ја оправда својата агресија денес, изјави денеска во Европскиот парламент, Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, поранешна советска република која се истакнува во помагањето на Украина во нејзината борба против руската агресија.

„Денес плаќаме висока цена што не ја научивме лекцијата од Втората светска војна“, рече Наузеда во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур. „Со тоа што не ги казнуваме советските злосторства, и овозможивме на Русија да ги слави и оправдува воените злосторници денес“ преку нејзината „искривена визија за Втората светска војна“, рече тој.

Науседа, поранешен банкар кој е претседател на Литванија од 2019 година, зборуваше пред европратениците за Балтичкиот пат, мирен политички протест на 23 август 1989 година, во кој околу два милиони луѓе од Естонија, Литванија и Летонија се здружиле во 650 – километарски синџир, протестирајќи против советската диктатура.

„Мораме повторно да застанеме, рака под рака како во советско време, и да покажеме храброст без граници“, рече Науседа.

Тој смета дека „болната историја“ не треба да се игнорира бидејќи чувањето на сеќавањето на темните времиња ги прави сегашните општества посилни и поотпорни.

„Мораме да го запреме рускиот циклус на лаги“, рече тој, повикувајќи на посилни санкции против Русија, формирање на руски суд за воени злосторства и употреба на замрзнати руски средства за изградба на Украина.

Литванија, земја со околу 2,8 милиони жители, има историско искуство во борбата против рускиот империјализам, а потоа и советската диктатура. Империјална Русија го задуши литванскиот идентитет, а за време на СССР, стотици илјади нејзини жители избегаа во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот