Фото: Wikimedia Commons

Научниците открија: Еден ден на Земјата траел 19 часа, а сега знаеме зошто

Имало време во турбулентното минато на Земјата кога се чинело дека сè мирува. Тектонските движења и земјотресите стивнале, геохемиските процеси забавиле, а еволуцијата на животот во неговите наједноставни форми не напредувал многу.

Според новото истражување за „здодевната милијарда“, периодот на нашата планета во кој ништо посебно не се случувало, Земјата тогаш била во состојба на стабилна и постојана ротација и дека ротирала околу својата оска за само 19 часа, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Стабилната ротација значела дека во текот на тие милијарда години денот не се продолжувал и дека оваа состојба е резултат на деликатната рамнотежа на спротивставените сили во далечното минато на Земјата.

Во тоа време, Месечината била многу поблиску до Земјата, но на постојано растојание, не оддалечувајќи се од Земјината гравитациска прегратка како што се случува денес.

„Со текот на времето, Месечината ја „украде“ земјината ротациона енергија и се оддалечи од неа“, пишуваат Рос Мичел од Кинеската академија на науките и Уве Киршер од Универзитетот Куртин во Австралија.

Фото: pixabay

Како резултат на „бегањето“ на Месечината, ротацијата на Земјата се забавува и нашите денови се продолжуваат, иако луѓето не можат да ги забележат овие мали продолжетоци на 24-часовната ротација.

Многу претходни истражувања се занмавале со тоа, како деновите постепено стануваат подолги, за 0,000015 секунди секоја година.

Друго истражување од 2018 година откри дека еден ден на Земјата пред 1,4 милијарди години траел само 18 часа.

Повеќето воспоставени модели на ротација на Земјата проценуваат дека должината на денот постепено се зголемува во текот на изминатите три до четири милијарди години.

Одредени истражувања во последниве години, исто така, открија дека „мртвата милијарда“ била изненадувачки многу подинамична отколку што се шпекулирало и дека нејзината плодна почва овозможила сложен живот на Земјата каков што го знаеме денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!