НАТО отвора голема економска перспектива за Македонија

Со перцепцијата за намален ризик на земјата се намалува и цената по која земјата позајмува на меѓународните пазари на капитал, вели главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски.

Стопанската комора на Македонија го поздравува влезот на земјава во НАТО, а со овој чин велат се остварува нашата повеќедецениска стратешка цел со која, освен од безбедносен, ни се отвораат големи перспективи и од економски аспект.

– Стабилизирањето на безбедносната ситуација на земјата создава услови и за поширок развој на самото општество, демократијата. Но, влезот во НАТО отвора и значајни перспективи на економски план. Во моментов сите сме преокупирани со коронавирус кризата, но таа во еден момент ќе помине и тогаш ќе почнат да се материјализираат придобивките и за македонската економија, вели главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски, поосчувајќи ги пред се инвестициите.

Тој додава дека со перцепцијата за намален ризик на земјата се намалува и цената по која земјата позајмува на меѓународните пазари на капитал. Ова значи можност за обезбедување поевтино финансирање на капиталните инвестиции на државата во иднина.

– За можностите за извоз, пак, влезот во НАТО значи и можност за македонските компании да продадат свои производи за задоволување на дел од потребите на НАТО. Македонските компании сега веќе влегуваат во оваа група и за нив ќе се отворат нови перспективи во иднина, истакнува Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот