Генерален сектретар на Алијансата, Марк Руте. EPA-EFE/REMKO DE WAAL

НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала

Зачестените упади во воздушниот простор на источните и југоисточните крила на НАТО од страна на Русија ги поттикна партнерите во алијансата да се потпрат на краткорочно распоредување на турски систем за воздушен надзор, објави ДПА.

Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела.

Полска и Романија, кои неодамна се соочија со зголемување на упадите на руски беспилотни летала  во нивниот воздушен простор, ќе бидат опремени со турскиот систем за воздушен надзор MEROPS.

Системот може да се монтира на хеликоптери и беспилотни летала и е способен да открива непријателски цели и низ облаци и прашина. Системот првпат беше претставен во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот