Фото: МИА

Насилник-ветеран од Скопје со тврд предмет ја тепал 70-годишната поранешна партнерка

Во инцидент во кој биле вмешани двајца повозрасни скопјани, 70-годишна скопјанка вчера била физички нападната од 64-годишниот поранешен партнер, кој користел и тврд предмет соопшти МВР.

„На 31.07.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 12.06.2025 на подрачјето на Центар во патничко возило била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Д.(64) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот