Воздушна пушка / Фото: архива / илустрација

Насилник од Неготино пред деца ранил куче со воздушна пушка, доби условна и парична казна

Жител на Неготино кој минатиот месец на јавно место, пред многу деца и возрасни луѓе кои се релаксирале, пукал и ранил куче со воздушна пушка, доби условна осуда и парична казна од 400 евра, објави „Фокус“.

Инцидентот се случил на 7 мај во познато излетничко место покрај рибник, каде осудениот Д.Ј., според пресудата, „пукал со пневматска пушка во кучето на А.М.К., предизвикувајќи му непотребна болка и страдање“.

За кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, Основниот суд Неготино му изрекол условна казна затвор од три месеци, која нема да ја издржи доколку во рок од една година не направи ново кривично дело. За делото „Убивање и мачење животни“ му е изречена парична казна од 400 евра, која треба да ја плати во рок од 15 дена. Пневматската пушка што ја користел обвинетиот е привремено одземена, бидејќи постои ризик дека може повторно да биде употребена за слични дела. Судот оцени дека со изречените казни се постигнуваат целите на казнувањето и превенција, со што се надева дека обвинетиот ќе се воздржи од повторување на вакви дела.

Обвинетиот има право да поднесе приговор на пресудата во рок од 8 дена. Овој случај повторно ја отвори јавната дебата за регулацијата и санкциите за злоупотреба на воздушни пушки во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот