Фото: Управа за извршување санкции / Фејсбук

Насилници извадиле ножеви во тепачка во двор од куќа во Берово, ќе одговараат

Двајца насилници од Берово добија кривична пријава откако се степале со други двајца жители на градот во двор од куќа, при што се обиделе да користат и ножеви, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ф.И.(44) со престој во Берово и Е.А.(24) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 18.05.2025 во дворно место од семејна куќа во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И., Е.А., Н.А. и М.Д., при што Ф.И. и Е.А. се обиделе да употребат остри предмети“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот