Психијатриската болница во Демир Хисар

Три дена бил во бегство од болницата во Демир Хисар пред да пука во социјалната работничка: Напаѓачот избегал при транспорт на суд

50-годишниот прилепчанец А. Ј., кој вчера со пиштол застрела 36-годишна социјална работничка во Центарот за социјални работи во Прилеп, успеал да избега при транспортот од Психијатриска болница во Демир Хисар до прилепскиот Основен суд. Тој во болницата бил на задолжително лекување откако претходно бил осуден на година и три месеци, а против него се води уште еден судски процес, пишува „СДК.мк

Напаѓачот е уапсен по пукањето, а во рамки на истрагата, полицијата го повикала на разговор и директорот на Психијатриската болница од Демир Хисар.

Според СВР Битола, неговото бегство од Психијатриската болница во Демир Хисар било пријавено на 21 март во 20:30 часот, односно три дена пред да го изврши обидот за убиство.

„Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршија проверки во Психијатриската болница Демир Хисар и на разговор биле повикани повеќе лица. Исто така, се вршат проверки како А. Ј. успеал да избега при транспортот од психијатриската болница до Основен суд Прилеп и на кој начин дошол до оружјето“, соопшти СВР Битола.

На 24 март, полицајци го уапсија А. Ј. откако претходно во просториите на Центар за социјални работи во Прилеп пукал кон вработената и ја повредил. Таа има прострелна рана во стомакот и сè уште е на интензивна нега во Прилепската болница, но е во стабилна сосотојба. Освен кон социјалната работничка, напаѓачот пукал и кон директорот на Центарот за социјални работи, кој не е повреден.

Тој пукал низ ходникот, канцелариите, им се заканувал на вработените, а на нишан го држал и директорот на болницата. Повредената вработена била дел од тимот кој работел на предмет за семејно насилство и бракоразводна парница на осомничениот. Но, откако почнал да ја демне и да ѝ се заканува, таа била повлечена од тој предмет.

Застреланата социјална работничка е во добра состојба, колегите на протест бараат физичко обезбедување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот