Напад во Манчестер/Фото: Paul Currie / AFP / Profimedia

Напаѓачот на синагогата во Манчестер е идентификуван како Британец со сириско потекло

Британската полиција соопшти дека осомничениот за нападот во синагога во Манчестер, Северна Англија, се верува дека е 35-годишниот Џихад ал-Шамие, британски државјанин од сириско потекло.

„Веруваме дека лицето одговорно за денешните напади е 35-годишниот Џихад ал-Шамие.

„Тој е британски државјанин од сириско потекло“, соопшти полицијата во Манчестер, објави Ројтерс.

Ал-Шамие беше застрелан од вооружени полицајци откако со автомобилот се удри во пешаци и уби најмалку едно лице во близина на синагога за време на еврејскиот празник Јом Кипур.

Полицијата додаде дека тројца осомничени, двајца мажи на возраст од 30 години и една жена на возраст од 60 години, моментално се во притвор и се „уапсени под сомнение за извршување, подготовка и поттикнување терористички акти“.

Три лица беа убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, кој беше застрелан од полицијата, во напад во близина на синагога во Манчестер вчера, објави Танјуг.

Нападот со автомобил и нож се случи во близина на синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк за време на еврејскиот празник Јом Кипур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот