Фото: МВР

Напаѓачи вечерва со „калашников“ изрешетале куќа во Тетово, била полна со луѓе

Вечерва околу 21:15 часот на улица 111 во Тетово, непознати напаѓачи, кои дошле и избегале со скутер, испукале рафали со десетици куршуми во куќа во Тетово, по што избегале, објави „Скопје1“. вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа сопственост на М.Т. Напаѓачите, кои пристигнале на скутер, веднаш побегнале од местото.

Според МВР, сопственикот на куќата и неговото семејство биле дома за време на нападот, но за среќа никој не е повреден. На местото се најдени триесетина чаури, а куќата е забележливо оштетена.

„Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања. Известен е јавен обвинител и се прземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид на лице место врши екипа при СВР Тетово“, велат од МВР за „Скопје1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот