Фото: Илустрација/EPA

Нападот во Германија во кој маж со камион повреди осум лица се истражува како ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ (ВИДЕО)

Германските истражители сооштиле дека нападот со камион, кој се случил во понеделникот во Лимбург, се истражува како терористички акт.

Инцидентот се случил во Лимбург на запад во Германија, кога 32-годишен м,аж со потекло од Сирија украл камион, со него удрил во колона од осум возила додека тие чекале на семафор и во таа прилика повредил осум лица, пренесува „Би-Би-Си“.

Мажот кој го извршил нападот бил уапсен, а утврдени е дека тој од 2015 година живее во Германија.
Истражителите за германската ЗДФ телевизија рекле дека инцидентот се третира како терористички акт, иако министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, денеска рекол дека не може како е класифициран тој настан.

Полицијата во врска со овој инцидент извршила претрес во стан во Ланген, недалеку од Франкфурт, а сопственикот на украдениот камион за локалните медиуми рекол дека маж го исфрлил од возилото, откако претходно го присилил да му ја отвори вратата.

Сведок на настанот, Бетина Јаслеј, за германските меидуми вели дека разговала со напаѓалот непосредно по тој настан.

– Му течеше крв од носот, рацете му беа крвави, а фармерките искинати. Тој рекол дека целото тело го боли, а кога прашав за име, тој ми кажа дека се вика Мухамед – изјавила таа.

Во текот на изминатите години, Германија била на мета на неколку напади на џихадисти, поради што алармот е подигнат на највисоко можно ниво.

Најсмртоносниот напад се случи во декември 2016 година, кога мажсо камион влетал во гужвата на Божиќен панаѓур во Берлин и во таа прилика усмртил 12 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот