Фото: Профимедиа

Напад на пчели во Франција: 24 повредени, тројца во критична состојба

Во напад на пчели во Оријак, Франција, повредени се 24 лица, од кои тројца се во критична состојба.

Минувачите биле искасани во период од околу 30 минути во недела наутро, според префектурата Кантал. Пожарникарите и медицинските екипи им пружиле прва помош на повредените, додека полицијата презела безбедносни мерки сè додека не престанал нападот на пчелите, пренесува „Гардијан“.

Трите лица во критична состојба биле однесени во локална болница. Пјер Матоние, градоначалник на Оријак, во понеделникот за BFM TV изјави дека нивната состојба се подобрила. Според Матоние, 78-годишен маж доживеал срцев удар, но бил оживеан со вештачко дишење.

Градоначалникот рече дека инцидентот може да биде поврзан со оси кои се заканувале на кошница поставена на покривот на хотел пред повеќе од една деценија, предизвикувајќи пчелите да станат агресивни. Матоние рече дека пчеларот ја отстранил кошницата и ја преместил надвор од градот.

Поручникот Мишел Кајат, раководител на локалната противпожарна служба, рече дека никогаш не доживеал таков напад.

„Во однос на бројот на жртви, паниката што преовладуваше меѓу луѓето и сериозноста на некои од повредите, беше шокантно“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот