Фото: Слободен печат

Наместо да собираат ѓубре низ Тетово камионите на словенечката компанија секоја недела на технички преглед

Тетовската полиција секојдневно, неправедно ги праќа камионите на компанијата „Заубермахер“, на технички преглед, само за да ја попречи работата на оваа компанија која го собира сметот низ градот, а тоа се случува на само два дена пред празникот Бајрам, обвинија денеска од Општина Тетово.

„Оваа акција на полицијата против Општина Тетово и компанијата се случува секојдневно без никакво објаснување и јасно е дека тенденцијата е да се попречи работата на општината која постојано се грижи за подобрување на состојбата во градот и креирање подобри услови за граѓаните. Сакаме да нагласиме дека камионите на компанијата Заубермахер се регистрирани согласно Законот и сите ги исполнуваат техничките услови за да работат на терен. Но, овие проверки од страна на полицијата се вршат само на камионите на оваа компанија, со исклучок на другите возила кои кружат низ градот“, изјави Бесарт Дурмиши претседател на Советот на Општина Тетово.

Од 15 март до денеска, трипати камионите на компанијата Заубермахер се испратени на техничка контрола, при што се изречени казни од 250 евра и повисоки по камион. Истиот камион во рок од 15 дена два пати бил испратен на технички преглед, велат од Општина Тетово од каде сметаат дека сето ова е политички мотивирано.

„Јавно го прашуваме СВР, од која причина се прави вонредна проверка на камионите на компанијата, кога е познато дека проверките не можат да се прават секој ден, како што е случајот со полицијата. Полицијата досега не саботираше на разни начини со одбивање на секое барање на општината.Замислете во рок од 20 дена камионите на оваа компанија три пати биле праќани на технички преглед, додека полицијата на Тетово не ги примила ниту ги испратила на технички преглед возилата на претпријатијата и другите државни институции, што докажува дека акцијата се одвива за политички причини и на штета на Тетово.Овие контроли го одложуваат процесот на собирање отпад бидејќи техничките процедури траат долго време“, рече Дурмиши.

Откако словенечката компанија Заубермахер го презеде менаџирањето со сметот во Тетово, а општината одлучи сметките за вода, ѓубрарина и подигање и транспортирање на отпадот да го наплатуваат странците, пред ЈКП Тетово секојдневно еден куп револтирани граѓаните.

Пред еден месец со презентација на камиони за собирање на отпад и нови контејнери на градскиот плоштад во Тетово, општината го промовираше почетокот на јавното-приватно партнерство со словенечката компанија Заубермахер, со која пред неколку месеци потпиша договор за собирање и транспортирање на комуналниот смет во Тетово.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами тогаш рече дека сите вработени во ЈКП Тетово кои биле ангажирани во Секторот „Комунална хигиена“ ќе ги презеде словенечката компанија, а сметот ќе се собира во сите села и населени места во рамките на Општина Тетово.

Но состојбата е сосема друга. Тетовските комуналци се уште не земаат редовно плата, градот е валкан и згора на се, се појавија нови проблеми ,како повисоки комунални сметки кои пристигаат за штали, подруми и гаражи, па згора на се, сега камионите наместо да го подигаат сметот се праќаат на вонредни технички прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот