Фото: index.hr/Google street view

Наместо да инвестираат во компании и технологија, Хрватите инвестираат во издавање станови

Министерот за финансии, Марко Приморац конечно ги претстави долгонајавуваните даночни измени. Данокот за викендички ќе го замени данокот на недвижности кој ќе изнесува од 60 центи до 8 евра за метар квадратен. Ќе го пропишуваат единиците на локалната самоуправа, објави РТЛ, прнесува Н1. Досега имавме данок за викендички.

Данокот на недвижности ќе ги опфати сите оние куќи кои се празни или се издаваат на кратко. Нема да се оданочуваат оние граѓани кои имаат недвижен имот во кој живеат или кој е непогоден за живеење, како и недвижен имот што е под долготраен закуп. Зависи како граѓаните ќе реагираат на воведувањето на даноците, проширувањето на опфатот и опсезите. Во случај сите граѓани да одлучат својот недвижен имот да го стават во функција на долгорочна кирија, веќе никој нема да плаќа за тоа. Целта е да се намали цената на недвижностите во Хрватска.

Сè ќе биде едноставно. Сега имате можност паушалот што се плаќа по кревет во туризмот да се одредува врз основа на зони, дури и по улици и локации. Овој данок ќе се применува аналогно. Имате можност да воведете данок од 0,6 до осум евра за метар квадратен. Единиците на локалната самоуправа, доколку сметаат дека одредена поатрактивна област треба да се оданочува посилно, таму ќе стават повисок данок. А таму каде што имотите се со помала вредност и далеку од атрактивни локации, ќе можат да пропишат помал данок. Нема да плаќаат луѓе кои живеат во недвижен имот, луѓе кои имаат недвижен имот под долготраен закуп, кои имаат недвижен имот непогоден за живеење. Нема да го плаќаат лицата кои имаат недвижен имот оштетен во елементарни непогоди, како пожар, земјотрес, поплава, објасни Приморац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот