Наќе Георгиев ќе лежи три години затвор и треба да врати 15.000 евра – Кривичен ја прифати спогодбата

Наќе Георгиев ќе лежи три години затвор и треба да врати 15.000 евра.

Скопскиот кривичен суд ја прифати спогодбата што врховниот судија ја склучи со Јавното обвинителство во врска со предметот во кој тој беше осомничен за земање мито за да влијае во предмет.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска по одржана седница во присуство на надлежен Јавен обвинител, осомничениот Н.Ѓ. и неговиот бранител ја прифати предлог спогодбата меѓу Обвинителството и осомничениот и донесе пресуда со која осомничениот го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од три години за кривичното дело од чл.359 ст. 7 Примање награда за против законито влијание, за која согласно КЗ предвидена е казна во висина од 1 до 10 години. Воедно со пресудата, изречена е дополнителна мерка Забрана за вршење професија дејност во траење од 3 години од правосилноста како и конфискација на имотната корист, стекната со извршување на кривичното дело, во износ од 15.000 евра – соопшти Судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот