Фото: EPA-EFE/David Aguilar

Највозрасниот син на Зидан се повлекува од фудбалот на 29 години

Највозрасниот од четирите сина на легендарниот Французин Зинедин Зидан, Енцо одлучил да се повлече од фудбалот на само 29-годишна возраст.

Енцо започна да тренира фудбал на петгодишна возраст во Јувентус бидејќи неговиот татко во тој период го носеше дресот на клубот од Торино.

По преселбата во Шпанија Енцо продолжи во младинската академија и тука се задржа цела деценија. Во Реал стигна до вториот тим на „кралевите“ каде што соработуваше и со својот татко, а потоа го носеше дресот на Алавес и Лозана-Спорт од Швајцарија.

Последните години ги помина во неколку шпански нисколигаши, а последен клуб му беше Фуенлабрада. Причината поради којашто се повлекува како што пренесуваат шпанските медиуми е желбата да се посвети на инвестицискиот бизнис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот