Македонија Скопје зима снег студено време
Зима во Скопје / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Најстудено во Берово, измерени минус шест степени

Најстудено утрово е во Берово минус шест степени, минус три степени се измерени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка, Претор, Битола, минус два во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, минус еден во Охрид, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 0 во Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 во Гевгелија и 5 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Изутринава е сончево со мала локална облачност. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот