Најстарата жртва од напад на ајкула е од пред 3000 години

Археолози од Оксфорд веруваат дека ја пронашле, досега, најстарата жртва на напад од ајкула. По детален преглед било утврдено дека на коските има многу длабоки и нерамни лузни од бројни гризнувања од ајкула.

Научниците работеле на скелет кој го добиле од Универзитетот Кјото, Јапонија. Според нив човекот претрпел над 800 повреди кои биле длабоки и сериозни и во извештајот се наведува дека откако бил нападнат неговото тело останало во водата и од него се хранеле ајкулите.

Ова тело било најдено во една гробница заедно со остатоци од уште 170 тела. Но само на него имало вакви сериозни повреди на карлицата, левата нога, рамената и едната рака, додека левата рака и десна нога ги немал.

Се претпоставува дека бил нападнат од тигар-ајкула или голема бела ајкула кои се најчестите жители во Јапонското море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот