
Најскапи јадења во светот: Супа од птичји гнезда -10.000 долари, пицата „Луис 13“ чини дури 12.000 долари!
Меѓу најскапите деликатеси во светот е и супата од птичји гнезда, за која љубителите на оригиналните вкусови се подготвени да избројат 10 илјади долари. Цените на пицата во Франција кои можат да достигнат 12 илјади долари, на просечниот човек му изгледаат уште почудно, особено ако се подготвени од готвачот Ренато Виола.
Препорачано
Еве листа на најчудно скапи јадења во светот: Супата од птичји гнезда е деликатес во Кина. Една порција чини помеѓу 2.000 и 10.000 долари, објави Агро Телеграф.
Најскапиот мед на светот се наоѓа во пештера со длабочина од 1.800 метри во близина на градот Артвин во североисточна Турција. Јапонскиот говедски стек од префектурата Кобе е најскапиот во светот. Кравите се одгледуваат во посебни услови, а фармерите дури им прават масажа и им даваат пиво. Цената на стекот чини од 250 до 300 долари. Според Индонезијците, црната кокошка „ајам цермани“ има магични квалитети и се верува дека лечи болести. Затоа една кокошка чини 2.500 долари. Кавијарот „Белуга“ се смета за најпрестижен. Неговата цена достигнува и до 10.000 долари.
Јапонскиот остров Хокаидо е местото каде што најчесто се бере лубеницата „денсукер“, позната како лубеница од абонос. Нејзината цена достигнува 6.100 долари. Јапонската сорта на грозје „руби роман“ се одгледува во посебни услови и може да чини помеѓу 100 и 1.000 долари. Цената на килограм ванила извлечена од орхидеи е 150 долари. Сортата ананас „хелиган“ беше специјално одгледувана за 50-годишнината од свадбата на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Еден таков ананас чини 1.000 фунти. На францускиот остров Ноармотиер, тие ја одгледуваат сортата на компири Ла Бонот, создадена од компостирани состојки. Цената на еден килограм е околу 300 долари. Познатиот готвач Ренато Виола нуди пица „Луис 13“, која чини 12.000 долари.