
Најсексапилните атлетичарки добиле неморални понуди да станат проститутки (ФОТО)
Прво руската убавица Дарија Клишина, а потоа и Германката Алиса Шмит открија дека добиле понуди за вртоглави суми на пари да ја остават атлетиката и да запливаат во далеку поинакви води.
Како што е вечна дилема кој е подобар од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, во атлетиката постои дилема која е поубава Дарија Клишина или Алиса Шмит.
Препорачано
И двете атлетичарки се убави и успешни, но на социјалните мрежи често се соочуваат со неморални понуди од страна на перверзни луѓе.
Прва која прозборе за тоа е Дарија Клишина, руската натпреварувачка со скок во далечина, која откри дека добила понуда од 200.000 долари месечно за да стане проститутка.
– Ми се јави една личност и сакаше да му станам проститутка. Не ми кажа баш така, ми рече дека сака да му бидам „придружничка“. Веднаш го одбив, но тој не се откажуваше. Тогаш ми понуди 200.000 долари месечно. Морам да признаам дека размислив за таквата понуда. Исто така почнав да размислувам дали постојат девојки кои ќе бидат импресионирани од оваа понуда – открива Клишина.
Од друга страна, 21-годишната натпреварувачка на 800 метри, Алиса Шмит, е прогласена за најсекси спортиска на светот од страна на фановите на социјалните мрежи. Со таквата титула почнаа да и пристигнуваат и неморалните понуди.
– Ми пристигнуваат многу неморални понуди во приватни пораки. Некогаш ми е смешно да читам такви работи, но не обрнувам внимание на тоа. Фокусирана сум на спортот и тоа сакам да им биде јасно на сите – вели Шмит.