Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Најмладите карпошани добија ново детско игралиште кај Сити мол
Во употреба е пуштен нов парк кој се наоѓа до Сити мол и е негова донација за најмладите жители на Карпош. Паркот, лоциран на аголот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Љубљанска, се протега на површина од над 850 метра квадратни, а во него се поставени модерни детски реквизити и просторот е хортикултурно уреден со висококвалитетни садници, цвеќиња, зеленило и реквизити.
Препорачано
Како што информираат од Општина Карпош, во овој урбан простор ќе има и летна отворена тераса, каде можат да се организираат помали настани и да се социјализираат граѓаните. Целосното уредување на паркот е инвестиција на Скопје Сити Мол вредна околу 500.000 евра, а новоуредениот простор е во сопственост и владение на Општината.
Главна атракција во рекреативниот парк е игралиштето кое е изградено според светските трендови со специјално дизајнирана кула за качување, која нуди широк спектар на возбудливи активности за најмладите граѓани. Качувалката којашто е висока 8,5 метри е изградена според најсовремените европски стандарди, составена од сложени форми, кои се поставени во облик на структурата на ДНК – велат од Карпош.
Оттаму објаснуваат дека во моментов ширум Европа, расте трендот на создавање на игралишта од овој тип, бидејќи тие влијаат на развојот на психомоторните функции кај децата, по примерот на стимулирање на качување на дрвја.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
15мин
-
20мин
-
25мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5