Никол Кидман - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Најмладата ќерка на Никол Кидман се појави во јавноста по долго време: „Ова не е работа, ова е подарок“

Во најновата реклама на Никол Кидман е претставена нејзината специјална гостинка, нејзината ќерка Фејт Маргарет. Кидман е именувана за глобален амбасадор на јапонскиот козметички бренд, а првата кампања вклучува краток филм во кој глуми нејзината 14-годишна ќерка Фејт Маргарет.

Брендот сподели видео на Инстаграм наречено „At Least“, а во него Кидман позира во забавена снимка пред да ја прегрне Фејт. За време на нејзиното кратко појавување, Фејт и Кидман се прегрнуваат и се смешкаат.

Пред кампањата, која ја нагласува важноста на внатрешната сила со пораката „Клучот за брилијантност си ти“, Кидман откри колку е посебно што ја вклучила нејзината најмлада ќерка во процесот.

„Мојата друга ќерка сега е модел, па кога ме прашаа дали Фејт ќе биде дел од кампањата, прво морав да ја прашам неа. Таа рече да, и можам да кажам дека навистина се забавувавме на снимањето“, рече таа.

Таа тврди дека тоа било волшебно искуство за неа, за кое се надева дека ќе пренесе доза на емоции кај сите луѓе што ја гледаат самата кампања.

„Таа е мое бебе и тоа беше сладок начин трајно да се сними прекрасен момент. Беше едно од оние нешта каде што велиш: „Ова не е работа, ова е подарок“, вели таа.

Фејт не присуствува често на јавни настани, иако се појави на Гала-вечерта на „Холивуд репортер“ минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот