Пукање во САД/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Најмалку тројца мртви во пукање во католичко училиште во Минеаполис, 20 повредени

Најмалку три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, загинаа денес, а околу 20 лица се повредени во пукање во католичко училиште во јужниот дел на градот Минеаполис во американската држава Минесота, објави функционер на Министерството за правда на САД.

Како што објави Си-би-ес Њуз, повикувајќи се на извори, напаѓачот извршил самоубиство со огнено оружје.

Голем број припадници на безбедносните сили интервенирале поради пукањето во католичкото училиште, а по интервенцијата, полицијата објавила дека повеќе нема активна закана за граѓаните.

Федералните власти изјавија дека вооружениот напаѓач бил маж, облечен во црно и носел пушка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот