Протест на семејствата на жртви од медицински фентанил во Ла Плата/Фото: EPA/Juan Ignacio Roncoroni

Најмалку 87 пациенти починаа во Аргентина од контаминиран медицински фентанил

Аргентинскиот правосуден систем истражува смрт на најмалку 87 пациенти во различни болници и здравствени центри во латиноамериканската земја откако им бил даден медицински фентанил контаминиран со бактерии.

Тужба поднесе аргентинската Агенција за лекови, храна и медицинска технологија (ANMAT) против непознати лица, откако една болница ги откри бактериите Klebsiella pneumoniae и Ralstonia pickettii во медицински фентанил – моќен опиоид – кој им се дава на пациентите.

Смртните случаи се регистрирани во болници во провинциите Буенос Аирес, Санта Фе, Формоза и Кордоба, изјави судијата Ернесто Креплак, кој беше назначен за случајот, објави весникот „Ла Насион“ во средата.

Според написот, истрагата вклучува најмалку 24 лица. Меѓу нив е и Ариел Фурфаро Гарсија, сопственик на компаниите „ХЛБ Фарма“ и „Лабораториос Рамало“, кои го произведуваа и продаваа контаминираниот фентанил, според „Ла Насион“.

Пет контаминирани серии беа дистрибуирани до осум болници и здравствени центри во земјата.

Пред две недели, роднините на починатите пациенти демонстрираа пред италијанската болница во Ла Плата, 60 километри јужно од Буенос Аирес, барајќи „правда за жртвите на фентанил“.

„Фентанилот го уби за неколку дена“, изјави за АФП Алехандро Ајала, брат на Леонел, кој почина на 32-годишна возраст.

Според експертите цитирани од Ла Насион, бројот на жртви поврзани со оваа бактериска инфекција може да биде уште поголем, бидејќи медицинските картони на починатите пациенти сè уште се испитуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот