Фото Twitter TOLO News

ВИДЕО| Најмалку 622 лица загинаа во земјотресот во Авганистан

Според најновите податоци, најмалку 622 лица загинаа во Авганистан, кога земјата беше погодена од земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, соопшти денес портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан.

Државните медиуми објавија дека најмалку илјада лица се повредени.


Авганистанското Министерство за јавно здравје објави дека е започната масовна операција за спасување и дека стотици луѓе се мобилизирани за да им помогнат на оние во погоденото подрачје од земјотресот.

Епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан синоќа недалеку од градот Џалалабад во близина на границата со Пакистан беше на длабочина од десет километри.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот