Урнатини од израелски напад врз Газа / Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Претседателот на руската Дума Вјачеслав Володин упати писмо до германскиот парламент во кое ги обвини германските власти дека го влошуваат односот меѓу двете земји и ја туркаат Германија во директен судир со Русија.

„Тековниот германски елитен круг создава услови за ескалација и конфронтација“, се наведува во пораката до лидерите на главните парламентарни партии во Берлин.

Володин предупреди дека Русија не посакува конфликт, но е подготвена за него, алудирајќи на зголемената германска поддршка за Украина. Според него, планираното отворање фабрика за производство на ракети во Украина со германска поддршка претставува директно вмешување во војната.

Повод за реакцијата беа изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој на средба со американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали улогата на САД во ослободувањето на Германија од нацизмот. Володин возврати дека САД не се единствениот победник.

„Советскиот Сојуз го победи фашизмот и ја спаси планетата од кафената чума“, порача Володин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот