Најмалку 60 мртви и 140 повредени e билансот во денешниот самоубиствен напад во Кабул,Исламска држава ја презеде одговорноста

Најмалку 60 луѓе загинаа, а најмалку 140 се повредени во експлозија на аеродромот во Кабул.
Бомбаши самоубијци ги нападнале влезовите на аеродромот во Кабул активирајќи најмалку две силни експлозии, предизвикувајќи крвопролевање меѓу цивилите и американските војници

Нападот најверојатно бил насочен кон прекинувањето на воздушниот мост со кој Западот ги евакуира очајните Авганистанци кои сакаа да ја напуштат земјата.

Портпаролот на Пентагон, , потврди дека загинале најмалку 12 американски војници,

Експлозијата се случила во близина на влезот на на аеродромот и во близина на хотелот „Барон“.

„Можеме да потврдиме дека експлозијата на влезот во Аби беше резултат на комплексен напад што резултираше со бројни американски и цивилни жртви“, напиша портпароло на Пентагон на Твитер.

 

Нема точен број жртви меѓу авганистанските цивили, но видеата покажуваат десетици тела.

Итната служба во Кабул објави дека примила најмалку 60 повредени лица, пренесува Гардијан.

 

 

ИСИС-К е одговорен за нападот?
Неколку западни земји објавија дека евакуацијата е прекинта.
САД ги затворија влезовите на аеродромот, спречувајќи понатамошно заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји во текот на две децении војна.

Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот .
Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на Исламската држава.

Амбасадата на САД претходно издаде предупредување до граѓаните да избегнуваат патување до аеродромот, додека оние што се веќе пред вратата треба веднаш да ја напуштат областа поради „безбедносни закани“.

Од окупацијата на Кабул од страна на талибанците на 15 август, во тек е голема операција за евакуација на странски државјани и нивните семејства, како и голем број Авганистанци.

САД сакаат да ја завршат евакуацијата до 31 август, кога американските сили треба целосно да се повлечат од земјата.

Од Белата куќа нема индикации дека Бајден планира да го одложи датумот на конечното повлекување поради нападот, пренесува Ројтерс.

Во моментот на нападите во Кабул Бајден одржуваше состанок со највисокиот безбедносен врв на САД за за ситуацијата во Авганистан .

Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, секретарот за одбрана Лојд Остин, началникот на Генералштабот Марк Мили и потпретседателката Камала Харис ги следеа настаните преку видео врски.

САД и нивните сојузници ја започнаа една од најголемите воздушни евакуации во историјата.
Во изминатите 12 дена, евакуирани се скоро сто илјади луѓе, повеќето Авганистанци кои изминатите 20 години работеа за западните мисии .
Но, илјадници од нив нема да можат да заминат сега, бидејќи повеќе земји објавија дека нивните воздушни мостови се завршени.

Од друга страна нападите и вооружените инциденти на Исламската држава предизвикува главоболка кај Талибанците, кои ветија дека нивната победа ќе донесе мир во Авганистан.
Кога дојдоа на власт по втор пат, ветија дека ќе ги почитуваат човековите права во согласност со исламскиот закон и нема да дозволат терористите да дејствуваат од нивната територија.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!