
Најмалку 260 тела се пронајдени по музички фестивал, десетици терористи на Хамас пукале во група од 3.000 млади
Израелската спасувачка служба Зака соопшти дека најмалку 260 тела се извадени од музички фестивал кој беше под напад на Хамас.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Локалните медиуми известуваат дека очајните родители се обидуваат да дознаат нешто повеќе за своите деца, кои биле на рејв забава.
Видео емитувано од израелските медиуми покажува дека десетици посетители на фестивалот како трчаат низ отворено поле додека одекнуваат истрели.
Многумина се сокриле во околните овошни насади или биле застрелани додека бегале.
Се очекува бројот на загинати да се зголеми бидејќи медицинските екипи не завршиле со проверките на областа.
Фестивалот „Супернова“ е одржан во пустината Негев, недалеку од Појасот Газа, од каде дел од припадниците на Хамас вчера долетаа со параглајдери.
Претставник на Брзата помош изјавил дека на фестивалот имало 3.000 лица, пренесува Би-Би-Си.
Преживеаните сведочат дека се било „како во хорор филм“ и дека крвавиот настан траел неколку часа.
– Одненадеж влетаа со оружје и почнаа да пукаат во сите насоки. Дојдоа со комбиња, беа во воени униформи – изјавила една преживеана.
Луѓето се обидувале да побегнат од местото на нападот трчајќи кон своите возила, но напаѓачите од џипови на патот пукале во нив.