
Најмалку 25 загинати по детонација на експлозив во Пакистан
Најмалку 25 цивили, меѓу кои седум жени и четири деца, беа убиени денес во бомбардирањето на оддалечен пограничен регион на Пакистан, каде што се кријат членови на пакистанските талибанци, соопштија полициски и безбедносни извори во таа земја.
Препорачано
Неименуван локален полициски службеник, како што пренесува новинската агенција Анадолу, изјавил дека авионите „нападнале четири куќи, кои биле целосно уништени“.
Безбедносен функционер со седиште во Пешавар изјави дека најмалку 23 луѓе се убиени во областа, која е дом на десетици скривалишта на пакистанските талибанци. Тоа движење е формирано за да се бори во Авганистан и тврди дека наследува иста идеологија како и авганистанските талибанци.
Опозицискиот пратеник Икбал Африди ја обвини армијата за извршување на ноќен напад како дел од антитерористичка операција, додека владата и вооружените сили не се огласија.
„Бомбардирањето го извршија авионите на безбедносните сили. 23 лица беа убиени во нивното бомбардирање“, изјави за АФП Африди, кој го претставува округот во парламентот каде што беше извршен нападот.
Полициски службеник од градот Тирах, во близина на пакистанско-авганистанската граница, за АФП изјави дека меѓу убиени се седум жени и четири деца, без да прецизира кој го извршил нападот.
Околу 2.000 луѓе протестираа денеска во блискиот град поради нападот.
Во последните месеци, пакистанските талибанци ја интензивираа кампањата на насилство против безбедносните сили во планинските области долж границата со Авганистан.