24 тела пронајдени во тајна масовна гробница во Мексико/Фото: EPA/ULISES RUIZ BASURTO

Најмалку 24 тела се пронајдени во масовна гробница во Мексико

Мексиканските власти пронајдоа 24 тела во тајна масовна гробница откриена во декември непосредно пред Гвадалахара, вториот по големина град во земјата, соопштија обвинителите во неделата.

Потрагата во овој регион на западно Мексико започна на 13 декември 2024 година во поле кое припаѓа на општината Сапопан и траеше еден месец, човечките останки беа распарчени и поделени во 72 вреќи, објаснија во соопштението на државното обвинителство на Халиско.

Истражителите и форензичарите користеле „дронови со термални камери и радар“, како и специјално обучени кучиња, додаде тој.

Беше направена прелиминарна идентификација на „шест лица – една жена и пет мажи – кои исчезнале помеѓу 2021 и 2023 година“, според истиот извор.

Извори на агенцијата Франс прес изјавија дека форензичарите го продолжуваат процесот за идентификација на преостанатите 18 жртви.

Халиско е мексиканската држава со најголем број исчезнувања, со 15.382 случаи од ваков карактер заклучно со 31 декември, според податоците на обвинителството.

Овој феномен главно се припишува на бандите на организиран криминал: во оваа конкретна држава, пред сè, на суровиот картел Неа Генија ту Халиско (КНГХ).

На национално ниво, според официјалните бројки, повеќе од 450.000 луѓе се убиени, а околу 100.000 исчезнале во Мексико од декември 2006 година, кога започна контроверзната „војна“ против нарко-картелите, во кои се вклучени вооружените сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот