
Најмалку 18 жртви од поројните монсунски дождови во Индија
Поројните монсунски дождови однесоа најмалку 18 животи од понеделник во Гуџарат, соопшти денес владата на северозападната индиска држава.
Препорачано
„Осумнаесет лица загинаа во несреќи поврзани со дождот, а десетици други што живеат во низинските области беа спасени“, се вели во соопштението на владата објавено во вторник вечерта.
Поради обилните врнежи од дожд што се очекува да продолжат во наредните денови, главниот министер на Гуџарат, Бупендра Пател, ги разгледа мерките преземени од властите.
Swift & courageous Ops.@IndiaCoastGuard Station #Pipavav, in coordination with Marine Police, rescued 22 stranded personnel including women from a flooded #Gujarat Water Supply and Sewerage Board #GWSSB site near #Victor village, #Amreli. Amid tough weather & low visibility,… pic.twitter.com/ISXvpkh5sa
— Indian Coast Guard (@IndiaCoastGuard) June 18, 2025
Комесарот задолжен за спасувачките операции во Гуџарат, Алок Кумар Пандеј, потврди дека 18-те лица загинале, вклучително и откако биле погодени од гром или биле заробени во поплавени и затрупани згради.
Поплавите и лизгањата на земјиштето се вообичаени во Индија за време на сезоната на монсуните, која трае од јули до септември. Научниците веруваат дека климатските промени ги прават овие настани почести, поинтензивни и понепредвидливи.