
Најголемите светски сили рекордери по задолженост
Институтот за меѓународни финансии (IIF) соопшти дека глобалниот долг достигна рекордни 337,7 трилиони долари на крајот од вториот квартал од 2025 година. Скокот на задолженоста за повеќе од 21 трилион долари во првата половина од оваа година е резултат на неколку фактори, меѓу кои се олеснувањето на финансиските услови на глобално ниво, слабеењето на американскиот долар и помеката монетарна политика на водечките централни банки.
Препорачано
Кина, Франција, Соединетите Американски Држави, Германија, Обединетото Кралство и Јапонија забележаа најголем раст на долгот во апсолутни бројки. Дел од ова зголемување е директно поврзано со падот на вредноста на доларот, кој ослабе за 9,75 проценти во однос на главните светски валути од почетокот на годината-пренесе Каматица.
Кои земји ќе доминираат со светската економија во 2039 година
IIF забележа дека темпото на раст на долгот е споредливо со периодот во втората половина од 2020 година, кога мерките за време на пандемијата предизвикаа нагло зголемување на глобалната задолженост. Набљудувано преку односот на долгот кон бруто домашниот производ (БДП), Канада, Кина, Саудиска Арабија и Полска забележаа најизразен раст. Во исто време, во Ирска, Јапонија и Норвешка, овој индикатор е во опаѓање.
Глобалниот однос на долгот кон производството останува малку над 324 проценти. Вкупниот долг на пазарите во развој во вториот квартал од 2025 година се зголеми за 3,4 трилиони долари, достигнувајќи повеќе од 109 трилиони долари, што е нов рекорд. Односот на долгот кон производството на пазарите во развој достигна 242,4 проценти.