Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Вардариште -Фото Слободен печат - Методи Здравев

Најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници, велат од СДСМ

Опозициската СДСМ остро реагира поради депонијата Вардариште која и утрово гори и шири неподнослива смрдеа. Од партијата велат дека најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници.

„Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба.

Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани“ порачаа од СДСМ.

Оттаму го обвинија градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, дека наместо решенија ги манипулира скопјани.

„Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани“ посочуваат од партијата.

Каде ќе го скриете срамот за „Вардариште“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот