Виена, Австрија / EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Најголем песимизам во Австрија од 1970-те години

Толку високо ниво на песимизам во земјата немало од 1970-тите и енергетската криза.

Песимизмот во Австрија, поради украинската војна и поскапувањето на цените, е на највисоко ниво од 1970-те години, јавија локалните медиуми.

Педесет отсто од Австријците со песимизам ги чекаат наредните 12 месеци, покажа истражувањето на „Lacarsfeld“.

Само 26 отсто од граѓаните оптимистички гледаат на наредниот период.

Според „Lacarsfeld“, толку високо ниво на песимизам во земјата немало од 1970-тите и енергетската криза.

На негативното расположение кај граѓаните, најмногу влијание имаат економската рецесија, војната во Украина и растот на цените.

За својата безбедност за време на војната во Украина, загрижени се 51 процент од Австријците.

Како што објаснува „Lacarsfeld“, се работи за грижи околу економска безбедност, стравот од нуклеарна војна што расте.

Истражувањето го покренало и прашањето околу стабилноста на австриската Влада во сегашни услови.

Така, 44 проценти од Австријците навеле дека Владата е нестабилна и оти нема соработка меѓу коалиционите партнери, а околу 24 отсто имаат поинакво мислење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!