foto twitter@WHR

Најдобриот коњ на светот чини 184 милиони долари, задача му е да остави што побројно потомство

Флајтлајн е името на најдобриот тркачки коњ на светот, кој неодамна беше повлечен од натпреварувањата. Пред него е нова кариера во која ќе има задача да остави многубројно потомство, а заработувачката од таа активност може да биде стотици милиони долари

Флајтлајн е името на најдобриот тркачки коњ на светот во моментов. Ова тркачко грло минатиот викенд беше повлечено од натпреварување и понатаму задачата ќе му биде да остави што побројно потомство кое исто така би било успешно во коњските трки.

Ова е многу вносен бизнис во овој спорт, така што неодамна 2,5 отсто од акциите за сопственост на ова тркачко грло беа продадени за неверојатни 4,6 милиони американски долари. Според стручњаците цената на ова грло во моментов е 184 милиони долари.

Во својата нова кариера што го чека во шталата во американската држава Кентаки каде е сместен, Фјалтлајн на сопственичкиот конзорциум може да му донесе 200.000 долари „хонорар“ од оплодување на една кобила.

Се проценува дека годишно овој пастув може да остави потомство со 180 кобили, што значи заработувачка од 36 милиони долари годишно. Оваа нова кариера на Флајтлајн може да трае подолго од една деценија што значи стотици милиони долари ќар за сопствениците. Затоа е толку скап.

Инаку, Флајтлајн беше повлечен од трките на четиригодишна возраст, а тркачката кариера ја заврши без ниеден пораз. Во текот на кариерата забележа шест победи во шест трки и освои награди во вредност од 4,5 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот