Фото: Natasa Andonova/FB

Најдобрата македонска фудбалерка ќе игра во Саудиска Арабија

Maкедонската најдобра фудбалерка, Наташа Андонова по епизодите во Германија, Шведска, Франција и Шпанија се пресели во Саудиска Арабија.

Андонова од денеска официјално е нов член на тимот Ал Шабаб. Со овој трансфер таа тргна по стапките на некои од најдобрите фудбалери во светот кои одлучија Европа да ја заменат за богатите понуди од оваа земја.

Во Ал Шабаб, Андонова ќе игра под водство на Шпанецот Мигел Моралес. Сезоната во женското фудбалско првенство во Саудиска Арабија стартува на 27. септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот