Фото: МИА

Најчевска со апел до претседателот: Пендаровски не треба да го потпише Законот за легализација на дивоградбите

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил му упати апел на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за легализација на дивоградбите, бидејќи, како што пишува таа, ова е вистинскиот момент за тоа.

„Сега е на ред претседателот на државата. Ова е прав момент. Пендаровски не треба да го потпише Законот за легализација на дивоградбите.“ Меѓудругото, професорката напиша: „Се додека се донесуваат закони со кои се легализираат дивоградби не може да стане збор за владеење на правото. Не ни треба ЕУ за ова да го средиме. Ни требаат политичари наместо арамии. После Законот за легализација на дивоградбите доаѓа Законот за продажба на државно земјоделско земјиште. Со овој закон се овозможува државата да распродаде апсолутно се, за најниска можна цена, без никаква контрола и со минимално ограничување.“

Со новиот закон за дивоградби амнестиран е Стевче Јакимовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!