Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Најбогатиот политичар од Русија призна дека убил човек

Најбогатиот политичар во Русија, Игор Редкин, пратеник во Собранието на Камчатка, призна дека случајно убил човек на депонија во селото Озерновски, изјави денеска неговата соработничка Олга Струченко за руската агенција ТАСС.

Таа на јавноста и ја презентираше официјалната писмена изјава на Редкин.

„На 2 август се случи трагедија во која јас, Игор Редкин, бев вмешан иако имав друга намера. Вечерта дознав дека мечка талка низ депонијата во селото Озерновски. Животното претставуваше потенцијална опасност за локалното население. Зедов пиштол за да ја исплашам мечката. Во самрак пукав во неа. Потоа, дознав дека локален жител бил ранет во таа област приближно во истото време. Подоцна починал в болница“ се вели во неговата изјава.

Редкин истакна дека е „подготвен да ја прифати казната која ќе ја одреди судот”.

Тој потсети дека долго време бил пратеник и дека направил многу за оваа област.

Редкин, исто така, нагласи дека е правилна одлука да се суспендира неговото членство во партијата „Единствена Русија” и да ја напушти изборната кампања со цел да спречи озборувања.

Редкин инаку, покрај политичар, е и руски бизнисмен, кој во последниве 20 години се бави со разни бизниси на Камчатка. Тој има свои делови во неколку големи фирми низ цела Русија. Неговиот официјален приход во изминативе три години изнесувал 1,5 милијарди рубли, што го прави еден од најбогатите руски политичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот