Бернар Арно / Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Најбогатиот човек во Европа го критикува предложениот данок за богатите во Франција

Најбогатиот човек во Франција, Бернар Арно, го критикуваше предлогот за воведување данок за богатите во Франција во износ од два проценти, што би му одзело повеќе од милијарда евра.

Сопственикот на луксузниот конгломерат LVMH во интервју за Sunday Times изјави дека овој данок би имал катастрофални последици за француската економија и би можел да придонесе за уништување на либералната економија „единствената што работи во корист на сите“. Богатството на Бернар Арно се проценува на приближно 133 милијарди евра.

Мнозинството гласачи во Франција, повеќе од 80 проценти, го поддржуваат овој данок, чиј автор е економистот Габриел Зукман.

„Невидената концентрација на богатство и неограничената моќ што доаѓа со неа ја нарушија нашата демократија и ги поттикнаа социјалните и економските тензии“, вели Зукман. Тој проценува дека данокот, кој би се применувал на средства што надминуваат 100 милиони евра, би можел да собере дополнителни 20 милијарди евра за францускиот буџет, објавува „Гардијан“.

Критичарите предупредуваат дека најбогатите Французи би можеле да ја напуштат земјата поради високите даноци, па затоа ефектот врз даноците би бил многу помал од очекуваното, само 5 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот