
Најбогатиот Чех загина во страшна хелихоптерска несреќа на Алјаска
Најмалку пет лица загинаа, а едно лице е повредено при уривање на хеликоптер во американската сојузна држава Алјаска, која се случила во засега непознати околности, „Ројтерс“ објави дека тие биле на скијачки излет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хеликоптерска несреќа во Алјаска: Пет лица загинаа, еден преживеа
Меѓу загинатите е пилотот и четворица патници, еден од Колорадо, двајца од Чешка и двајца од Алјаска. Еден од загинатите од Чешка, е најбогатиот Чех, Петр Келнер, објави неговата финансиска група ППФ.

„Со големо жалење соопштуваме дека во хеликоптерска несреќа во планините на Алјаска почина основачот и мнозински сопственик на ППФ, Петр Келнер“, објави компанијата.
Педесет и шестгодишниот Келнер важеше за водечка фигура во чешкиот бизнис во посткомунистичката ера и „Форбс“ го процени неговото богатство на 17,5 милијарди долари. Неговата инвестициска компанија учествуваше во приватизирањето на стотици државни компании во Чешка, а потоа го прошири бизнисот на осигурување, финансии, телекомуникации, производство, медиуми и биотехнологија низ Европа, Азија и САД.

Единствениот преживеан во несреќата е веднаш хоспитализиран во градот Енкориџ со сериозни повреди, но е во стабилна состојба. Американската Сојузна управа за воздухопловство објави дека засега не се познати причините за уривањето на хеликоптерот.