Јужна Африка EPA/Kim Ludbrook

Најавените царини на Трамп би можеле да остават без работа 100.000 луѓе во Јужна Африка

Гувернерот на Јужноафриканската резервна банка, Лесетја Кгањаго, денес изјави дека најавеното воведување на царините на американскиот претседател Доналд Трамп во Јужна Африка може да предизвика губење на близу 100.000 работни места и процени дека земјоделскиот и автомобилскиот сектор ќе бидат најтешко погодени, пренесува Ројтерс.

Кгањаго изјави за локална радио станица таму дека влијанието на царината од 30 проценти, со која Јужна Африка ќе се соочи од 1 август, може да предизвика значителна штета на одредени индустрии.

„Влијанието врз земјоделството всушност може да биде доста разорно бидејќи земјоделството вработува многу нискоквалификувани работници, а тука влијанието е врз агрумите, трпезното грозје и вината“, рече Кгањаго. Тој исто така истакна дека новите статистики се многу загрижувачки бидејќи покажуваат дека извозот на автомобили од Јужна Африка во САД се намалил за повеќе од 80 проценти по царините за увоз на автомобили од администрацијата на Трамп во април.

„Ако не најдеме алтернативни мерки, влијанието врз работните места може да биде околу 100.000, па затоа всушност се соочуваме со тоа“, рече гувернерот.

Јужна Африка веќе има една од највисоките стапки на невработеност во светот, со официјална стапка од 32,9 проценти во првиот квартал од оваа година и проширена дефиниција од 43,1 процент. Земјоделските групи во Јужна Африка, исто така, предупредија за негативното влијание на царините врз производителите на цитрус, макадамија, грозје, вино, овошни сокови и кожа од ној.

Како што истакнаа, само во секторот за цитрус, царините се закана за 35.000 работни места и се закануваат да уништат градови како Ситрусдејл во Западен Кејп, кои се во голема мера зависни од извозот во САД. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела информираше 14 земји за новите царински стапки што ќе стапат на сила на 1 август, а Србија е меѓу нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот