Најавената кружна трка ќе затвори дел од автобуските постојки

Поради одржувањето на кружната авто трка пред Македонската Радио Телевизија, викендов, на 26 и 27 октомври, од 7 до 17 часот автобуските постојки во тој реон ќе бидат вон употреба.

Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, автобуските линии 12 и 73 наместо „Скопски саем-Т”, за крајна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар-Универзитет ‘Свети Кирил и Методиј'”, постојка на линија 57, а како почетна постојка ќе ја користат постојката „Бит пазар 5-ТЦ Мавровка”, постојка на линија 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот