Нафтена моќ на Москва под закана – дроновите на Украина ја клекнуваат руската нафтена империја

Рускиот нафтен монопол „Транснефт“ ги предупреди производителите дека можеби ќе мора да го намали производството поради серија украински напади со беспилотни летала врз клучни извозни пристаништа и рафинерии. Според три извори за „Ројтерс“, се разгледуваат ограничувања врз складирањето и приемот на нафта.

Сепак, во официјално соопштение, компанијата ги нарече овие информации „лажни“ и дел од „информациската војна“ на Западот против Русија.

Напади врз инфраструктурата и ограничен капацитет

Од август наваму, украинските беспилотни летала погодиле најмалку десет рафинерии, намалувајќи го капацитетот за преработка на Русија за речиси една петтина и предизвикувајќи привремени прекини во пристаништата Приморск и Уст-Луга.

Овие удари се особено чувствителни бидејќи Русија нема големи капацитети за складирање на нафта, за разлика од Саудиска Арабија, па секое забавување во извозот веднаш создава притисок врз производството. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече нападите „санкции што дејствуваат најбрзо“.

Притисоци врз ОПЕК+ и иднината на рускиот извоз

Иако ОПЕК+ се обидува да го зголеми производството и да стабилизира пазарот, способноста на Москва да ги исполни квотите е доведена во прашање.

Американски банки како Џ.П. Морган и Голдман Сакс предупредуваат дека прекините во рафинериите и ограниченото складирање може да го намалат производството, иако засега прогнозите се дека падот ќе биде умерен поради континуираната побарувачка од Азија, особено од Индија и Кина.

Останува нејасно дали Русија ќе може да го задржи сегашното ниво на извоз, или постепено ќе биде принудена на ограничувања кои би ја промениле динамиката на светскиот пазар на енергенси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот