
Над милион евра изнесува штетата од пожарот во „Глобал“
Извештајот со проценетата штета ќе биде понесен до Владата која треба да олучува дали ќе даде помош на опожарените. Опожарениот дел од „Глобал“ е преграден додека неопожарениот почна да функционира.
Советот на општина Струмица го усвои извештајот на Комисијата која правеше проценка на штетите на физичките и правните лица чии објекти изгореа во големиот јануариски пожар во трговскиот центар „Глобал“. Засега е констатирано дека штетата која ја проценила Комисијата изнесува нешто повеќе од милион евра. Извештајот со проценетата штета ќе биде понесен до Владата која треба да олучува дали ќе даде помош на опожарените. Опожарениот дел од „Глобал“ е преграден додека неопожарениот почна да функционира.
Препорачано
До денес уште не се утврдени причините за големиот пожар во ГТЦ Глобал кој се случи на 2 јануари. Јавното обвинителство уште работи на овој случај за да утврди има ли одговорност за огнената стихија која остави десетици фамилии без егзистенција, а предизвика милионски штети. Според првичните информации кои огнот избувнал во една од продавниците во приземјето, по што многу брзо се проширил во другите дуќани и ги зафатил и тезгите од пазарот, што се наоѓа внатре во трговскиот.
Пожарот во струмичкиот трговски центар „Глобал“ пламнал околу 23:10 часот. Пламнал во делот каде се прима стоката за во трговскиот. За брзо време пожарот се проширил кон внатрешноста на објектот. За неполни три минути од пријавата пред трговскиот пристигнале првите екипи на струмичката противпожарна единица.
Кога пристигнале пожарникарите се обиделе противпожарните црева да ги приклучат во хидрантите во објектот. Но, во овој систем немало вода. Залуден бил и обидот да се приклучат и на надворешните хидранти. Тие биле различни по модел од приклучниците кои ги имале пожарникарите.
Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале сите припадници на струмичката противожарна единица. Бидејќи немало постојана „линија“ од хидрантите со вода, како се празнеле цистерните, така пожарникарите биле принудени цистерните да ги одвезуваат на полнење во нивната база или во базата на струмички „Комуналец“. Сето ова значело губење драгоцени време во битката со пламените јазици.
Да имало вода во противпожарниот систем на „Глобал“ и да биле компатабилни приклочоците на уличните хидранти пожарот ќе бил локализиран побрзо и немало да има толку голема штета, велат извори од истрагата. Битката со пламените јазици траел со часови. Пожарот е изгаснат утрото во 3.50 часот. Покрај целиот состав на струмичката противпожарна единица, во гаснењето учествувале и пожарникари од Радовиш, Кавадарци, Штип и Валандово, како и цистерни од струмичкото комунално претпријатие.
Објектот „Глобал“ започнал да се гради на 18 јули 2006 година, а бил завршен во 2008 година. Трговскиот центар во чии рамки се наоѓа првата катна гаража со капацитет од 380 возила зафаќа површина од 3.400 квадратни метри, а вкупната корисна површина е 40.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција на проектот чинела 14.000.000 евра.